Почна загадувањето: Најмногу ПМ 10 честички во Скопје, Куманово и Тетово

30.10.2019 11:30
Почна загадувањето: Најмногу ПМ 10 честички во Скопје, Куманово и Тетово

Според густината на ПМ10 честичките, Скопје денеска е на врвот на листата на светски метрополи според густината на ПМ10 честичките и и трети главен град во светот со најголема загаденост на воздухот, според Airvisual.com.

Високи и многу високи концентрации на канцерогените ПМ10 честички утрово се регистрирани во речиси сите места каде се поставени мерни станици. Најаларамантно утрово е во Tетово каде концентрацијата на ПМ10 честичките е 181, по што следуваат Миладиновци-178, Куманово-168, Битола и Ѓорче Петров-114, Центар-112, што е повеќе од двојно од дозволените 50 микрограми на кубен метар.

Високи концентрација има и во Гази Баба, Ректоратот (Мавровка), додека во општините Карпош и Лисиче, каде и лани концентрациите на штетните честички беа исклучително високи, како и во Кичево, Гостивар и Кавадарци мерните станици не работат.