Паднаа јапонските цреши

15.11.2019 13:13
Паднаа јапонските цреши

Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев. Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа...

„Вишновата градина” од Чехов завршува со сечење на вишните кои му пречат на новопечениот богаташ Лопахин, претходник на Азманов и сличните нему. Црешите паднаа, монструмот на НАСТЕЛ се крена. Затоа не верувам дека црешите биле болни и дека ќе насаделе нови. Колку грд ден! “Варвари” од Максим Горки на улицата “Максим Горки”. И насекаде околу нас!

Одговор на градот по реакциите на граѓаните: Дрворедот на „Максим Горки“ се обновува со нови јапонски цреши 

По барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата Максим Горки. Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосни исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните.

Град Скопје во понеделник на овој потег ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови овој дрворед што го краси центарот на нашиот град.

 Фотографии: социјални мрежи

ОкоБоли главаВицФото