Ликовната критика денес - годишен симпозиум на АИКА

11.12.2019 10:45
Ликовната критика денес - годишен симпозиум на АИКА

Вечерва (11 декември, среда), во Музејот на современа уметност, со почеток од 20 часот ќе се одржи годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – AICA Македонија, насловен „Ликовната критика денес“.

Работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Уметноста и прекаријатот на просторот,“ конципирана и модерирана од Тихомир Топузовски.

Учесници: Данило Прњат, Владимир Јанчевски, Славчо Димитров, Артан Садику

Уметноста и прекаријатот на просторот се однесува на прашањата за тоа како културните и уметничките практики се испреплетуваат, отсликуваат, спротивставуваат или ја посочуваат прекаријатноста, односно состојбите на општествена нестабилност, ситуации на илегална работа, маргинализираност и живеење постојано под еколошка закана. Фокусот е на потребата да се проследат практиките што претставуваат сосема поинаков пристап на уметничко дејствување, со цел да се дојде до одредени промени на проблемите кои се одлика на прекаријатноста, во одреден геополитички контекст, односно во случај на овој симпозиум во регионот на Западниот Балкан.

Организација: Управен одбор на AICA Македонија. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и семејството Баришиќ, со институционална поддршка од НУ Музеј на современа уметност – Скопје.

ОкоБоли главаВицФото