1019 hPa
68 %
16 °C
Скопје - Нед, 06.09.2026 03:59
Од секогаш сум мислел за излишноста на зборот,
дека најмалку го трога тој онега што му е
упатен —
од каде тогаш таа потреба да се изразуваме
дури со ритам и рима, дури со алитерации?
Тука види ја сега бесмисленоста на земните
извори:
било на ќуќур, било на вода, било на грлен
извик.
Тоа е порив, и за смисла не прашува!