Кому ова е смешно?

14.02.2020 17:20

И додека на глобално ниво сè уште се расправаме за тоа зошто шегите за силување не се смешни и како феминизмот и политичката коректност го убиле хуморот, во Македонија екс-премиерот шеговито изјави дека „ќе ја продаде сопствената ќерка за грчки остров“ додека дискутираше за процесот на потпишување на Преспанскиот договор.

Оваа, во најмала рака, невкусна шега, за жал не е нешто невидено и во светски рамки. Ако ништо друго, нè потсети на далеку повознемирувачките коментари што Доналд Трамп ги дава веќе неколку децении за изгледот на својата ќерка Иванка. Да кажеш нешто такво на телевизија покажува еден безобразно ноншалантен однос кон гледачките и тотално непознавање и нечувствителност кон искуствата на жените низ историјата, па и денес, особено кога знаеме дека склучувањето бракови само со татковска дозвола е пракса што се случува на многу места и во 21-иот век. Мора да се запрашаме: кому ова би требало да му е смешно?

Елена Петрова, Медуза, 14.02.20.