Ново раѓање

14.02.2020 18:04
Ново раѓање

Пред неколку денови беа промовирани наградените стрипови на вториот конкурс за наградата за стрип „Лифт“.

Денес на Окно го пренесуваме најдобро оценетиот стрип, на Јована Велинова, во превод на Фросина Крушкаровска („оригиналот“ беше испратен на англиски и така и објавен во книгата „Стрип награда Лифт #2“). Најдолу, како атач, почитувани читатели, имате и ПДФ од краткиот стрип на Велинова.

 


Јована Велинова (10.09.1996, Штип) дипломиран ликовен уметник од областа на Класичното сликарство.
Добила награда „Златен Стрип“ за најдобар дебитантски стрип на Салонот во Велес, 2013 година.
Учесничка е на бројни работилници за уметност и дизајн.
Била предавач за цртачки стрип техники во Охрид во 2016, на работилница во организација на IDEA SEE.
Соработничка е, задолжена за туширање, на стрипот во проектот „I-Man“ организиран од IDEA SEE. Зад себе има неколку објавени кратки стрипови во списанија и две самостојни изложби на слики, во Штип и во Скопје.
Живее и создава во Штип.

ПрилогГолемина
Преземи1.94 MB