Здрав живот во Скопје е токсиморон

17.02.2020 14:49
Здрав живот во Скопје е токсиморон

 

 Здрав живот во Скопје е токсиморон.


Релативност на скопското време - во малите улички зимата подолго трае.


За 11 години се изгради цел нов град, мислам дека имаше доволно време секој да изгради свој став. Макар и од стиропор.


Гагаџија, Гратисџија, Готованџија, Галамџија - покерот ѕвезди на скопскиот фраерлук.


Со човек што знае на време да сврти на шала, муабетот никогаш нема да заврши во ќорсокак.


Инстаграм кредо: Сликам, значи постирам.


Ништо не е вечно, ама барем може да биде човечно.


Со секоја добро отспиена ноќ, како да враќам парче од личната сложувалка која животот ја разлабавил.

На Балканот во животниот пат една од најчесто поминати рути е преминот од ставот бљак до сељак.


Балканец - полесно се фаќа за еп, отколку за џеб.


Стара геополитичка: Кој со Американци води инает, на крај ќе си биде кабает.


Може немам чувано ниту едно домашно милениче, ама имам вдомено и посветено внимание на стотици книги. И книгите се души.


Книгата е мирен и спокоен парк во кој се засолнуваш од вревата и загадувањето од непрестајниот сообраќај на социјалните мрежи.


Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? Сакам да станам за викенд без обврски.


Нема поубав поглед од тоа наутро да излезеш да земеш здив на терасата на својот душевен мир.



Слики: Pavel Constantin

ОкоБоли главаВицФото