1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 22:59
- Како ми стои кошулава?
- Лудница!
- Се фативте?
- Се фаќаме.
- Еве ќе ти дадам најпрост пример.
- Не се ни сомневав дека ќе е таков.
Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш во мои очи?
Демоде клоцам, а моден ритам.
Носам појас зашто така е мидерно.
Шишај ме ко птеродактил, диносаурусокоса да бидам.
Моето 3 во 1 е горна пижама во долна пижама во чорапа.
Таква сум - модерна, vogue гените ми е.
Ги поминав сите граници, да не ме мислите.
Мешам помии, а поимите им ги давам на свињите, да ги јадат.
Се јадам од нога.
Губам време ко да некој ќе го најде.
Трошам време и со трошките хранам луѓе.
Мразам кошмари бидејќи се мора.
Отворив фирма за потребални услуги.
Колку сум богата, сѐ ми е џабе.
Си купив стадион на навивање.
Си купив боксерски ракавици за храбро и одлучно да го покажувам средниот прст.
Покачен ми е средниот прст.
За сѐ има логичко оплескување и отрезнителни околности.
Се продава фрлен бумеранг. Ако сте незадоволни од производот, сам ќе се врати.
Изгубен е проблем. Кој го најде негов проблем.
Поради бујната фантазија и филмот ми е цртан.
На кратко морам да отидам до крајот на реченицата. За тоа време промешај ми ги малку буквите, те молам. Искрено ти се заблагорадувам.
Грамофонот ја заменил старата плоча со нова - помлада и помодерна.
Старата грамофонска плоча паднала во очај и му се пожалила на својот психијатар:
„Ме направи зависна од игла и ме остави. Сега е среќен со друга, а мене кој ме врти!“
Парната локомотива му се пожалила на брзиот воз: „Тешко ми е, веќе не можам да се движам...“
"Ц ц ц... на таа пара!", ја искарал тој.
Житното класје од нивата го караше осамениот куп сено на ливадата: "Престани да се однесуваш ко сноп!"
"Така ви се чини зашто сум премногу стог кон себе", се правдаше сеното.
А навечер, кога никој не слушаше и не гледаше, сеното го молеше ветрот да го однесе до нивата, за таму да им каже на класовите: "Престанете да се фаќате за сламка!"
Слики: Four Color Process