1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 05:59
Имам мешани пијалаци за чувствата.
Ти си животот на мојата љубов. Јас сум крај со среќна приказна.
Би сакал ли да го оплескаш животот со мене?
Зад секој маж сто и една жена.
Искрена е поразголена од гола.
Признај гола ти се простува.
Пробав да сум драма квин, ама ме донесоа пред свршен чин. Nevermore!
Мечта со две острици.
Сомничав маж има шесто сетило. Сомничава жена има шесто сетила.
Тој: ги гледаш светлана?
Светлана: ги гледам.
Пристигна новата колекција Проклет/Клето.
Espresso зашто брзав. Late зашто доцнам.
Ама јас тоа само така ти го кажувам, на впрочемски.
Кај ти е оризот кога најмногу ти требам?
Синоним за намќоресто бара сериозно за озбилно.
Хидроинтолерантен сунѓер бара виледа за обилно.
Од каде па вие знаете дека надежта умира последна?
Ти му даваш прст, он ти бара Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш.
Отстрани џубре до краја.
- Извини ми се што ме исфрли од кола!
- Извини што испадна така.
Усни се деликатна работа. Заслужуваат внимателен јазик.
Твое е да пробаш. Мое е да ти кажам дека е твое да пробаш.
Не знам како да ти објаснам за да сфатиш дека не разбираш.
Убав инат е пола здравје.
Ајде да се недоразбереме ко луѓе.
- Буква ли си, бројка ли си?
- Буква сум.
- Која буква си?
- О сум.
- Заслужувам подобро од тебе.
- Молам?!
- Велам: Заслушувам подобро од тебе!
- Зошто се разведувате?
- Не се разбираме еден со друг.
- Што работите?
- Преведувачи сме двајцата.
Слики: Brian Kershisnik