Пламти па ватри

09.06.2023 11:40
Пламти па ватри

 

Повели седни до мене ако имаш г'з.

 


Полна сум со разбирање, затоа нема место за тебе.

 


Ако сакаш да придонесам, допри нос.

 


Работи ли бомбата?
- Така-така.

 


Пламти па ватри.



Бирај: Една слика ил ја да збора?!

 


Кога мислам дека сум смешна - халуцинизам.

 


Одбранбен смеханизам.

 


Кој ме фатил за збор, ми извадил муабет.

 


Биравте непостоечки кривец.



Сам ако не си направиш муабет, на луѓето нема да им текне да те остават раат.

 


Да бев помалце мазохист ќе бев повеќе песимист.

 


Помеѓу не можам и морам стојам и плачам.

 


Со полно срце полесно се носам.

 


Тоа ништото многу се осеќало бе!



Црна мачка ми го пресече патот и го подели со мене.

 


Кафето не ми збори додека не се напијам од него.

 


Сонувам кошмари отшто се мора.

 


Нема боље без бол.

 


Ко преживи, причекаче.

 


Слики: Kaye Blegvad - RED EYE

ОкоБоли главаВицФото