1029 hPa
86 %
![облачно облачно](/sites/all/modules/weather/images/night-overcast.png)
0 °C
Скопје - Нед, 19.01.2025 20:59
Немањето апетит е од Сафрика, а имањето холестерол од Мајонезија.
Имам потрошено мињонски суми на банани.
Битолскио бор е мендемски вид.
Компирите се чуваат на скробна температура.
Да си бев карфиолка, да си пливав во туршија.
Падна одлука – летна манџа.
Драчевски шоумен: Стенд-ап кромидиан.
Му реков на васабито дека е рен со ф’стаци – ми го извади низ нос.
Не треба антибиотик докторе, имам мувлосан леб и горгонзола дома.
Толку сум нежна што забите си ги чистам со конец од моцарела.
Водата нема ни мирис, ни вкус, ни точно определен изглед - па пак е убава.
Вебсајтче коледарче збира колачиња.
„Ееееј, тутунов е цела нижевност!” – заклучи народниот билкиотекар од Еуречани.
Подобро земјоделска гранка отколку светот на дланка.
На пазарџијата што цело време го прашуваат дали му се свежи јајцата, сигурно му е преку тазета.
Заслужете го она што го сервирате.
Претераноста е штетна, а штетноста претерана.
Изедов сѐ пошо знаев дека ништо нема да ти се свиѓа.
Слики: Giuseppi Arcimboldo (1526-1593)