
Грижата за здрава исхрана ми е на прво тесто.
Садовите ми ги доверуваат и своите најдлабоки тајнири.
Лажица е вилушка без проред.
Светот е каша, животот е кнедла.
Извини што напињам да се отвориш, професионална деформација од отварање конзерви ми е.
Толку ми е чиста совеста, можеш да лижеш од неа.
Шо убаво се распаѓа гравов, ко да попримил од мене дур се варел.
Целата кнедла ќе ја голташ?
Бордолом - абецеден сок од зборовинки.
Животно што се јаде однатре: Јанѕовец.
Си го спакувал виното в_ранец и заминал мал_в_азија.
Основно својство на симит-погачата е самолебливост.
Блажени се вегетаријанците, зашто нивно е царството лебасто.
Кај и да си зелник дома да си.
Абе какви јагоди во зима, тоа само на фил го има.
Мојата нова зеленчукова парадигма: Патлиперка.
Ќе се одгледува во државата Пиперџан.
- Најдобрата паштета во Јужна Америка?
- Аргетина.
- Имам тетоважа од глушец.
- Rat tattoo ли?
- Мамо, не е добро згреано јадењето.
- Касни луто пиперче.
- Со што ја сакаш супата?
- Кнедли ти реков!
Слики: Wayne Thiebaud