Тага ми било пишано

19.08.2021 11:23
Тага ми било пишано

 

- Зошто стана уметник?

- Тага ми било пишано.

 

 

- Ми се врти од ситуацијава.

- Во такви кругови се движиш.

 

 

- Слушна? Го распнале на социјалните мрежи.
- Бот да го прости.

 

 

- Ај сега објасни ми ко на глупа.

- Па веќе ти објаснив.

 

 

- На кој спрат живееш?

- На петти.

- А затоа си така напет.

 

 

- Госпоѓо, вториот кат од куќава ви е ист како првиот.

- Пошо е дупли кат.

 

 

- Зошто возот бучи цела вечер?

- Пошо ВозНеМирува.

 

 

- Што прави мечувалецов кај тебе дома?

- Ме чува.

 

 

Каква е ролетната после зима?

Пролетна.

 

 

- Ти препорачувам да го пробаш овој сладолед.

- Ме боли грлото.

- Топло ти го препорачувам.

 

 

 

- Зошто не сте веќе со Ненад?

- Пошо цело време викаше дека е ненад минлив.

 

 

- Многу ми е срам што носам проѕирен фустан.

- Ти се познава.

 

 

- Што правиш надвор на дождот?

- Учам да плачам.

 

 

- Мајка ми се премажи.

- Прими очувство.

 

 

- Доста си играш со зборови, фати нешто работа!

- Имам брз метаболизам, ништо не ми се фаќа.

 

Колажи: John Stezaker

 

ОкоБоли главаВицФото