Не може да влезеш, сите граници ги помина!

17.01.2022 17:03
Не може да влезеш, сите граници ги помина!

 

 

ОГЛАС:
Продавам граници за поминување. Количините се ограничени.

 

- Не може да влезеш, стварно сите граници ги помина!
- Отвори, мори, пасошот ми остана кај тебе!

 

- Ладно ми е - се жали парното.
- Нормално дека ти е ладно, толку си слабо што ребрата ти се бројат.

 

- Ништо не прави, ене ја си седи таму со балонот у раце.
- А зошто не го дува?
- Нејќе, негодува.

Изгубен е маргарин.
Се издава путерница.
Последен пат е виден во автобус на Маст-Транс.

 

Не е фер ова Мис Универзум, само убавите победуваат!
Ќе ги обвинам за лепотизам.

 

- Кој е најчест глумец во улогата на Рамбо?
- Силвестер Стално е.

- Колку вредат дваесет добри луѓе ако се и итри?
- Дваесет итри добри луѓе.

 

- Како се викаш?
- Илин.
- ти се допаѓа вокативот од твоето име, Илине?

 

Свикувам редовен годишен состанок на „Група мрзливи граѓани“.
ДНЕВЕН РЕД:
1. разно



- Која ви е негативна особина?
- Немам!

 

- Не знам дали е до мене или...
- До тебе е!

 

- Примен сум на работа?
- CV били па видели.

 

А сте пробале да го исклучите и да го фрлите?
*јас како Customer care service*

Повеќе од Тања Аждаја


Слики: Ivan Generalić

 

ОкоБоли главаВицФото