Прашањата заслужуваат одговор

31.03.2020 09:48
Прашањата заслужуваат одговор

Ја следам прес конференцијата на Венко и поставените прашања до него од интерес на јавноста. Новинарите со право поставуваат разни прашања од јавен интерес кои се однесуваат на системскиот капацитет на државата да одговори на криза од вакви размери. Редици пред банките, како се предаваат телата на починатите, листа на хотелските капацитети итн.

Министерот може и негова одговорност е да знае за капацитетите во здравството, во смисла на болнички кревети, кога се очекува пикот на заразата и за анамнезата на пациентите, но премногу е да се очекува, иако човекот е ставрно супермен, да има информации за целокупниот системски капацитет на државата да се справи со кризата.

А прашањата заслужуваат одговор. Најмалку што може владата е да одреди тим кој секој ден ќе биде на прес конференција, преку телеконференциска врска или на дистанца од два метри, почитувајќи ги препораките за заштита, но кој ќе биде спремен да одговори на сите овие прашања и да му дозволат на министерот да се посвети на прашања кои се во негов ресор и да го одморат од одговорности кои надминуваат капацитет на еден човек. Рашковски наместо да објавува комуникација со Мицковски, покорисно е да му биде логистика на Венко во одговарање на прашањата околу системскиот капацитет на државата. Како и премиерот и други кои можат да го споделат товарот. Да го остават вака сам постојано да се грижи и да бара одговори за целиот систем делува несериозно.

 

ОкоБоли главаВицФото