Македонската власт - трагикомедија и театар на апсурдот

07.06.2020 13:17

Кога не би била трагична состојбата на духот во македонската власт, но и во македонските институции надлежни за културата и културното наследство, тогаш најдобриот израз за нејзиното однесување би бил „трагикомедија и театар на апсурдот"! Иако во вистинскиот Тетар на апсурдот има многу повеќе рационалност, отколку во овој во македонската политичка и културна стварност. Тоа го потврдува и оваа одлука.

Во време кога градежната мафија во Охрид почнува да си поставува темели за нови градби во заштитениот простор крај езерото, Претседателот на техничката влада брза да потпише разрешување на експертите во Комисијата, кои со години се борат за заштитата на Охрид како споменик на светското културно наследство! Небаре тоа е најитната работа во времето на епидемијата на корона. Самоволието мора да биде потполно, и тоа на сите нивоа!

Кица Колбе, Окно, 03.06.20.