Простување со Христо Поп-Дучев

12.06.2020 18:19

Ах, Пријателе драг, ме погоди што така испадна, се надевав нешто ќе се изнајде...

Но, од мистични причини, се случи да заминеш на другата страна - нешто порано од некои од нас. Се надевам не ти беше тешко при Излезот!

Ги сакав твоите Слобода, Чистина и Неоптовареност; ги ценев, но и ме заплашуваа, твоите Интелигенција и Лудост; ги обожавав твоите Страст, Интуиција, Емпатија и Хумор... А и кога ќе претераше, имаше во тоа Љубов, Стил и Убавина...
Автентичен природно-роден Уметник!

Не одолеа и од твоите последни часови да направиш Statement со „фетусните фотки”...

A Каков Бетовен отсвире! Јако, точно, длабоко, хумано...

Мајстор на Кадри во сегашноста!

Во едно сум сигурен: кај и да си - ќе направиш да ти биде забавно, светло и убаво - и на тебе и на тие околу тебе... И тоа ме теши - и радува!

Патувај низ Креацијата. Ти си Патник што цени и сака.

Ти праќам Љубов И Светлина - каде и да си!

*** 

Етерично (езотерично) рашрафена, но топла и ведра ре-хармонизација на Јерусалем во “Скопска” интимна интерпретација на Попот... Химната се клати, ниша, надзира, понира, експонира... но тоа е небитно... Неоптеретеното слободно струење на еден убав осет е... 

Христо Поп-Дучев

My Jerusalem

Buchenwald концерт за три еврејски раце (Бр. 27, Скопје, My Jerusalem) во изведба на две еврејски момчиња во собирната хала и кујна Buchenwald, ноќта пред да заминат за летниот логор во Dachau.

ОкоБоли главаВицФото