Инвалидска пензија

13.07.2020 16:20
Виц икона

Си седат во кафана тројца инвалиди – слеп Американец, глувонем Французин и куц Македонец. Наеднаш пред нив се појавува Исус и му вели на Американецот:

– Зашто цел живот си праведен, ќе те ослободам од маките!

Го допира Американецот и овој прогледува, почнува да скока од радост.

Потоа Исус му вели на Французинот:

– Ти исто така си чесен човек, синко! Еве ти и тебе награда!

Го допира и Французинот почнува да слуша.

Потоа Исус се свртел кон Македонецот, а нашиот му се развикал:

– Немој да си ме пипнал, имам 12.000 инвалидска пензија!

 

ОкоБоли главаВицФото