Две години

31.08.2020 17:54
Виц икона

Две желки решиле да наминат во слаткарница на по еден сладолед. Но, штом влегле, забележале дека почнал да паѓа дожд. Затоа постарата желка ѝ рекла на помладата:

-Оди дома и донеси чадор.

-Ќе го направам тоа ако ми ветиш дека нема да ми го изедеш сладоледот.

После две години постарата желка помислила:

-Изгледа дека младава не мисли да се враќа. Па би можела да ѝ го изедам сладоледот.

Кога тргнала кон сладоледот, меѓутоа, однекаде пред влезот во слаткарницата слушнала глас:

-Ако само го пипнеш мојот сладолед, нема ни да отидам дома по чадорот!

 

ОкоБоли главаВицФото