Познати личности ги бојкотираат Фејсбук и Инстаграм поради говорот на омраза

16.09.2020 13:47
Познати личности ги бојкотираат Фејцбук и Инстаграм поради говорот на омраза

Леонардо ди Каприо, Џејми Фокс, Саша Барон Коен се само неколку од десетици славни личности кои се вклучија во акцијата на еден ден (16 септември) да ги бојкотираат Фејсбук и Инстаграм со цел да се подигне свесноста за омразата која се шири на социјалните мрежи.

Меѓу познатите кои се вклучија во кампањата се и музичарот Мајкл Бабл, комичарката Бет Стелинг, Ким Кардашиан Вест и Мајкл Б Џордан.

Ди Каприо соопшти дека се вклучува во акцијата на граѓански организации од САД во повикот „сите корисници на Инстаграм и Фејсбук да протестираат за засилената омраза, расизам и поткопување на демократијата преку овие платформи“.

Движењето #СтопНаОмразатаЗаПрофит (#StopHateForProfit), кое повика на 24-часовно „замрзнување“ на користењето на Инстаграм во текот на денешниот ден, вели дека Фејсбук не прави доволно за да се спречи говорот на омраза на неговите платформи. Ова движење во јули успеа да убеди стотици организации да го паузираат рекламирањето на платформите во сопственост на Фејсубк.

Од Фејсбук велат дека направиле промени во следењето на говорот на омраза, а ќе назначат и нов директор кој ќе ги надгледува проблемите со граѓанските права.

Од #СтопНаОмразатаЗаПрофит велат дека нивните акции не се насочени кон другите социјални мрежи, како Твитер и Реддит, кои според нив, веќе презеле „цврсти активности против опасните теории на заговор“.

 Извор: euronews.com

ОкоБоли главаВицФото