Колку поголем е монструмот толку повеќе деминутивчиња летаат

28.09.2020 11:01
Колку поголем е монструмот толку повеќе деминутивчиња летаат

Размислував за бројките на ови какој да ги нареќу - комонерс (како што се наведени во писанијата на Marija Jones). И кој гу ебе граматику и коневског, онака ништо повеќе нема есап: туј. Па така успорив и лопужки си ги кратев мислите на бранови, како што сестрата Макрина ги прикрива маните и доблестите, оставајќи впечатлив запис од фантазмагории во ботичелиевиот каталог.

Сега ќе одвиткам една вистина. „Колку поголем е монструмот толку повеќе деминутивчиња летаат.“ За некако да допливам до темата која прави животни од сите нас. Не, не е тоа ебењето, сигурен сум дека ебењето просветлува, туку таа несвесна страв од сиротштината. А каква ли илузија се сиротштините и благосостојбите? Претпоставувам од желбата за дом од цигли, секако криво е прасето со бројот 3, па волкот што дува, ненаплатеново ДДВ, желбата за перчење и сликање?

Па така „I reckon“ сите овие локалци од маќедонијадава северно- азербеџанска се збераат пред уфичите на катастер. Токму пред таа бетонска калакурница изградена од “Гранит“ во минатиот век, ќе забележите дека се водат сите битки за маќедонштинуту. Да се „ушиќаре“ нивче, стан, зграду-парцелу-задругу. Да се постане угледан с’с некакву фабричку итроштину финансирану од банке или оставштину од баке Ротчилдове, ал тај је крив што је жив, јел да?

Па така пред истиов катастар веќе четириесет години стои ед’н народни гениј кој ги извршува сите функции на помпезната администрација и правните лица населени во таа цементна крлежка тврѓава. Да, во земја каде што нема „неписмени“ итрецов прави не помалку од илјаду евра на месец пополнувајќи разноразни обрасци и упатувајќи ги локал-патриотите до ветената земја. И како замислени крпељи господава ги слушаат неговите навреди (со право, бидејќи сите до еден се неписмени). Неписмени се и запослените во истиот катастер, но, ете, тие имаат сигурна работа.

А господинов со велосипед секојдневно пристигнува во осум часот и ги спроведува по ходниците. Оф моја маќдоњо, повеќе и на името не ти се сеќавам?

Сигурно помислувавте дека во време на ковидо-пандемијава не се гради? Повторно погрешно. Затоа и реков „Колку поголем е монструмот толку повеќе деминутивчиња летаат“ во овој кафкијански замок што имбецилите го нарекуваат скопјенце; сонувајќи иден Вавилон никако не успеваат да приметат дека монструмот се всушност самите тие. Тука се брани маќедонштината со мистрија и вангла во раце, додека оние парталковци деноноќно како избезумени лупаат по објектите на воллино или скопјенце (со мали букви бидејќи е село).

И додека на еден состанок глумев, со помпезност на аристократ, цивилизација (заедно со неколкумина угледни шиници од еден одбор), некаков мрсник се обидуваше да ја реши мојата загатка. Се занимаваше со анализа: зашто сеуште се продаваат станови, зарем немаат во скопјенцево сите ниви? Зашто сите се прикриваат под плаштот на пролетеријатот а јадат од сребрена лажичка? Зошто сите сакаат да бидат бројќи а не сакаат некој да им вгради чип? Зошто маски во оваа безличност, документи и хартии што имаат ограничен рок на траење? Имоти и сауни, базени и имагинативен курвешлк? Зашто клетви и зарази, лажен капитализам и избезумена раја што си ги гази сопствените јајца испијанета по тротоарите на скопјенцево?

По ѓаволите со амбициите, нема ништо општо добро во нив. По ѓаволите со писменоста кога сите ионака се неписмени. По ѓаволите со нацијата бидејќи сè е измислено. А сепак не сме срби па ни бугари. По ѓаволите и понатаму од нив до Германија и назад.

Секако, Marija Jones е во право. Никој не поседува ништо на оваа планета. Ниту ова „скопјенце“ е наше, па ни она ко’ленце што некој ќе го разголи, а уште помалку нашите животи. Но, ако сакате, сите сте бројќи, нервозни бројќи како во каталогот на сестра Макрина, изместени сликички и поднаивествени записи на болеста наречена ум.

Слики: Waldemar von Kazak

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото