Тешко е да се биде „нормален“ во оваа ѓаволска илузија

14.10.2020 11:27

Како некој што знае за анксиозност и депресија многу одблиску, сè почесто сметам дека тие не се само ментални болести, туку и соодветни реакции на опкружувањето: капитализмот кој упорно нè убедува дека предмет и бројка е поважно од живот, стравот кој нè затвора во сè помали кутии без луѓе, душата која упорно тврдат дека не постои за да мораш да ја замениш со поклонство кон ствари, привидот на комфор кој ги залојува волјата и мозокот, суетата и цинизмот кои ги величаат како алфа и омега за да не приметиш колку си сам и тажен и распарчен во машинеријата која меле и се дере „прогрес, продуктивност, технологија, профит“, а дава само смрт...

Би било најголем пораз на разумот и духот да бидеш „нормата“, да бидеш „нормален“ во оваа ѓаволска илузија.

Инес Ефремова, Фејсбук, 14.10.20.