Брајан Ино за изминатиов четвртина век

26.11.2020 13:55
Брајан Ено за изминатиов четвртина век

Во 1995 Брајан Ино цела година водеше дневник, во кој пишуваше за неговата соработка со U2 и со Дејвид Боуви, го набљудуваше развивањето на балканскиот конфликт и споделуваше размисли околу уметноста и музиката. Една година подоцна тоа резултираше во книга, а сега, 25 години подоцна, Ено повторно се навраќа на својот дневник, за нова, јубијелна објава. Овде, легендарниот продуцент ексклузивно разгледува колку само светот лудо се променил.

Брајан Ино ја напиша книгата A Year With Swollen Appendices во 1995, свесно решавајќи се да води дневник цела година, како прашање на дисциплина, и на крајот да го објави резултатот со приложена серија есеи, раскази, размисли и друга кореспонденција. Книгата станала една од најпроникливите збирки на опсесивните размисли на Ино на едно место и ги покрива неговите поголеми колаборациски проекти со Дејвид Боуви, U2, Џејмс и Џа Вобл. Проткаено низ записите за неговиот секојдневен живот и работа, како и неговите согледувања за уметноста и музиката, се проткајува остар политички коментар за тековните случувања на годината, вклучително и војната на Балканот и работата на Ино за собирање средства за компилацискиот албум War Child, албумот The Help, како поддршка за хуманитарните напори во регионот. Сега, 25 години подоцна, дневниците се одново објавени, подолу, во извадок од новиот вовед на изданието, Ино се навраќа на изминатиот четвртина век.


Оваа книга беше објавена пред 25 години. Што се случи во тие 25 години?

Започнав со правење листа нови зборови – идеи што или не постоеја или не беа дел од атмосферата кога го пишував дневникот. Она што ме вчудоневиди беше тоа во колкав број се. Некои од овие зборови – и идеите и активностите со кои се поврзуваат – се станати толку вообичаени што забораваме дека се од пред само неколку години.

Еден пријател ми раскажа приказна која доловува колку брзо нештата почнуаме да ги земаме здраво за готово – како делови од животот без кои не се може. Пријателов бил во авион, и по полетувањето, пилотот објавил дека авионската компанија неодамна вовела безжичен интернет во своите авиони, па така сите патници слободно можеле да ги користат телефоните. Следело воодушевено ракоплескање и многу од патниците веднаш ги извадиле своите мобилни. По околу 30 минути безжичниот итнернет престанал да работи, од некоја техничка причина. За само неколку секунди, луѓето започнале луто да се жалат за „ужасната услуга“: за половина час тоа за нив се претворило од нешто чудесно во очекување.


Гледајќи ја листата нови зборови сфаќам дека сега живемее во длабоко поинаква реалност во споредба со 1995. Претпоставувам дека нов јазик се развива кога се појавуаат нови нешта за кои треба да разговараме – па така, колку побрзо кон нас доаѓаат нови нешта, толку повеќе нов јазик ни е потребен за нив. Можеби би очекувале да има многу нови зборови поврзани со интернетот и социјалните медиуми, но она што се забележува на листата е дека некои области на човековат активност воопшто не се појавуваат на неа: на пример, уметност, религија и филоофија. Дали ова значи дека не сме повеќе толку заинтересирани за тие нешта и сме престанале да разговараме за нив? Би можело ли да значи дека едноставно не се менуваат толку брзо за да им биде потребен нов јазик? Или дека толку многу се менуваат што повеќе не ги препознаваме во нивните нови форми? На пример, дали Кју-Анон е всушност религија во формирање? Дали CRISP технологијата за едитирање гени може да е нова форма на уметност? Дали расчистувањето од вишок, а ла Мари Кондо, е еден вид духовна дисциплина која оперира во просторот каде оперира религијата? Дали ТикТок е нова масовна уметност што не ја сфаќаме серизно? (Дали, за 25 години од сега, посветено ќе скроламе низ стари ТикТок видеа, препознавајќи ги како почетоците на една вистински универзална, демократска форма?) Дали часовното гледање Нетфликс е иднината на уметноста, со оглед дека галериите и јавните простори стануваат сè поопасни?

Целосно отсутno од дневникот е какво било споmeнување на климатски промени, популизам, пандемии или на Кина – само неколку од нештата што ни окупираат многу од мислите сега.

Гледајќи го кој било збор на листата се прашувам: „Во која категорија од човековото искуство припаѓа овој конкретен феномен?“ Излегува дека голем дел од новите зборови се, можеби неизненадувачки, поврзани со меѓуперсоналните релации – како комуницираме и како се претставуваме себеси едни на други.

Исмевање на телото, култура на откажување, четови, Chaturbate, цис-родовост, лиценцата Creative Commons, краунфандирање, краудсорсинг, учење на далечина, директни пораки, емотикони, следи/отследи, побарај за пријател/избриши од пријатели, и понатаму сиот нов јазик околу социјалните медиуми. Изгледа дека во оваа категорија имало најмногу активност. Дали луѓето повеќе комуницираат отколку кога било во минатото? Дали овој процес на „формирање заедница“ е сега хиперинтензивиран бидејќи нашите стари начини за формирање заедници (на пример, раснење, живеење и работење со други луѓе, или здружување кон заеднички цели) не функционират повеќе? Или едноставно ни требаат повеќе форми на заедници? И од каде потекнува овој нескротлив апетит за постојано разговарање? Дали се работи за случај каде, со зборовите на Ерик Хофер, никогаш не можеш да имаш доволно од она што реално не го сакаш?

И што не правиме додека ги правиме сите овие разговори на чет?

Новоста околу нас не е единственото нешто што поттикнува нов јазик. Новите луѓе сакаат нов јазик бидејќи тоа е нивен начин да се одделат од старите луѓе. Овој катализатор на лингвистичка еволуција има врска со друг начин на комуникација. Често не се работи за кажување нови нешта туку за кажување на старите нешта поинаку и, преку тоа, индицирање на која група ѝ припаѓаш (и на кои не). Јазикот е значка за членство или сличност, и понекогаш тоа е најголемиот дел од она што се пренесува. Таквиот јазик е дизајниран да пренесе повеќе за говорникот отколку за она што се зборува.


Едно од нештата што изгледа се случиле во последните 25 години е што се заматила дистинкцијата помеѓу овие два вида јазик во јавната сфера. Оваа ера е наречена ера на пост-вистина бидејќи јазикот има се’ повеќе инструментална намена - односно, да предизвика ефект – отколку што се обрнува внимание на точноста. Постои разлика помеѓу извикувањето „Оган!“ во полна сала што навистина гори, наспроти истиот извик во ситуација кога не е така. Се’ повеќе улогата на медиумите – особено во Англија, Австралија и Америка; соѕвездието Мардок – се претвори во поттикнување нестабилен одговор на публиката преку речиси постојано извикување „Оган!“. Кога се’ се врти околу „клик-мамките“ – зграпчување на вниманието – излегува дека всушност и не ви требаат многу вести. Само поплава од црвени знамиња ќе заврши работа.

Ваквата конфузија – помеѓу јазикот како артикулација на значење и јазикот како поттикнувач или создавач на атмосфера – денес е длабоко навлезено во јавниот дискурс. Деноноќните вести и интернетот создадоа побарувачка за содржина што изгледа не може да биде задоволена со реалните вести и мора да биде зголемена со ставови на колумнисти, инфлуенсери и твитераши. Ослободени од потребата да прават вистински истражувања и проверка на факти, новинарите во овие медиуми рециклираат „вести“ без вистинска тежина. Но, ако знаете дека луѓето имаат тенденција да веруваат дека „каде има чад таму има и оган“, тогаш се’ што треба е да создавате повеќе чад.

Многу од овие нови зборови укажуваат на распаѓање на одреден квалитет на јавен дискурс што го земавме здраво за готово уште од Просветителството, што зависеше од можноста за постигнување консензус базиран на докази – макар привремено – околу тоа од што се состои реалноста. Пост-модерниот скептицизам за каква било дистинкција помеѓу идеолошки изведените вредносни системи и науката водена од докази сега со задоволство е прифаќана од либертаријанци, популисти, идентитаријанци и избегнувачи на данок низ светот: „Зошто не би имало посебна реалност само за мене?“, бараат тие. Ран знак за навлегувањето на ваквите ставови во политиката беше кога член на придружбата на Џорџ В. Буш, запрашан за вистинитоста на некои негови тврдења во поддршка за на војната во Ирак, рече: „Сега сме империја, и кога делуваме, создаваме сопствена реалност.“

Во моментот кога го пишувам ова, веќе сме пет месеци навлезени во Ковид пандемијата, и излегува дека дури ниту една империја не може да ја промени биолошата реалност. Се прашувам дали ќе промени нешто во тоа како ја гледаме улогата на лидерството во иднина, кога ќе ги проценуваме различните национални одговори на Ковид и кога ќе забележиме даке луѓето што поуспешно се справиле не биле оние мачо политичари што се расфрлаат со себе-пофалби, туку луѓето што ги имале понизноста да ја слушаат науката и човечноста доволно да се грижат за да преземат нешто.

ИзворGQ Magazine
Слики: Matthieu Bourel

ОкоБоли главаВицФото