Спектакуларно примитививен социјалдарвинизам

11.01.2021 12:52

Јас нема да бидам толку учтив, па ќе кажам дека за нашата стварност посоодветни се термините: ‘неред’, ‘огромна некомпетентност’, ‘неодговорност’, ‘нефункционалност’ во поголемиот број општествени потсистеми, а со тоа и во целина на она што го нарекуваме ‘наш државен систем’. Зошто? Зашто секому, што следи барем со мала непристрасност, му е јасно дека имаме два паралелни система: првиот, главно на хартија, деклариран со Уставот – што се потпира на каква-таква философско-идеолошка подлога (наводно ‘општоприфатена’ дома и ‘во согласност’ со основните вредности на т.н. западна цивилизација); и вториот – што како поројница тече во реалниот живот – што олицетворува некоја социјалдарвинистичка варијанта со спектакуларни примитивизми.

Петар Гошев, Призма, 08.01.21.