Србија мора да се соочи со воените злосторници од своите редови

18.01.2021 18:23

Ситуацијата во која пет ученички на актерско училиште (две од нив малолетни) го пријавуваат својот учител, Мика Алексиќ, за силување, при што се покажува дека тој реномиран учител по глума е аркановец „душом и телом“, зборува важна работа: Србија мора да се соочи со воените злосторници од своите редови оти оној што е апологет на силувањата на малолетни Бошњакињи и Хрватки, тој ни во силувањето на српски деца не гледа проблем.

Сè додека ги имаме тие манијаци кои слободно шетаат наоколу, сè додека српската политика ги слави како српски херои и угледници, а потоа и народот ги велича заедно со таа политика - ниедно дете на белградските и на улиците на другите српски градови нема да биде сигурно.

А за дебиливе кои се прашуваат зашто порано не го пријавиле: Балканот не ги казнува силувачите, туку жртвите. На Милена Радуловиќ и на нејзините колешки наклон до патос и безусловна поддршка: потребна е огромна храброст јавно да го повикаш човекот што е институција, кој ја отшколувал белградската актерска сцена, а притоа си малолетна и зад тебе не стојат мрежи какви што тој гради СО ГОДИНИ!

Асја Бакиќ, писателка, Фејсбук, 18.01.21.