Слобода на глупоста

11.08.2021 13:11

На луѓето им е сосем саморазбирливо, речиси нормално, да им треба дозвола за престој, виза или работна дозвола, и тоа непрекидно ќе го бркаат.

Океј им е и да постојат граѓани од оваа или онаа категорија, домашни и странски, илегални имигранти и некои си легални. Оние кои имаат документи просто да постојат, и оние кои такви документи немаат да не постојат.

Но, на луѓето не им е океј да е потребна потврда за вакцинација во екот на светска пандемија – и тогаш имаме протести, писма, галамење за дискриминација, за укинување на слобода, за ограничување на слобода на движење, и над сѐ на егото.

Тијана Окиќ, Окно, 11.08.21.