Дали некој ќе одговара барем морално за вакви катастрофални лекарски грешки?

30.08.2021 14:40

Година и пол помина, мене сè уште не ми е јасно дали во државава институциите имаат протоколи за лекување КОВИД-19… Не водам евиденција, но вака од око на една третина до половина од луѓето со ковид-19 од Македонија со кои контактирам им биле препишани ненормални дози на ивермектин во комбинација со панцеф и/или моксирал и/или азитромицин. За вирусна болест, кршејќи ги сите принципи на медицина базирана на докази.

Па се прашувам, што прават Министерството за здравство и Лекарската комора … Има ли некаков ред и дали оние ликови кои ги пропагираа, воведоа и спроведоа овие пристапи во лекување ќе излезат да објаснат по кој основ ги вовеле? И дали некој од нив некогаш ќе одговара барем морално за ваквите грешки?

Харис Бабачиќ, македонски лекар и вирусолог кој работи во Шведска; Фејсбук, 29.08.21.