Од утре почнува забраната за пластични кеси, во маркет само со платнена торба

30.11.2021 13:10
Од утре почнува забраната за пластични кеси, во маркет само со платнена торба

Пластичните кеси се забрануваат за употреба од среда, 1 декември, а граѓаните на пазарување ќе треба да одат со платнена торба за повеќекратна употреба, или, пак да си платат 15 денари за биоразградлива кеса. Ова е дел од новините кои ги превидоа измените на пакет од шест закони со кои се регулира третманот на отпадот и отпадот од пакување во земјава.

Според законските измени, маркетите ќе смеат во промет да пуштат само биоразградливи кеси произведени според одредени стандарди со кои се обезбедува намалување на загадувањето кое денес го предизвикуваат пластичните кеси. Целта е да се мотивираат граѓаните да создаваат нови навики за употреба на торби од еколошки материјали, кои можат повеќепати да се употребат и на тој начин да го намалат својот еколошки отисок.

Трговците, од идниот месец ќе бидат обврзани и да водат евиденција колку кеси продале иза тоа да го известат Министерството за животна средина, а надоместоците од нивната продажба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина. Истовремено, од 1 Декември со измените на пакетот закони за отпад е предвидено и исфрлање на пластичните пакувања за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава.

Измените на четири од шестте закони за отпад, законот за управување со отпадот, законот за управување со пакување и отпад од пакување, законот за управување со дополнителни текови на отпад и законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад беа усвоени од Собранието во септември, а во август годинава од пратениците беа донесени и законот за управување со батерии, акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

 Извор: Мета.мк

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото