„Скалила до рајот“ - уметничка инсталација

22.12.21 16:07

Инсталацијата „Скалила до рајот“ што се издигнува до небото, всушност е  оптичка илузија што ја изработи  јужноафриканскиот уметник Стријдом ван дер Мерве  (Strijdom van der Merwe) и е така дизајнирана што ги тера гледачите да се прашаат што гледаат. Бидејќи кога се гледа директно, се чини дека високите скалила се искачуваат во небото под агол, иако 4,5 метри високаата скулптура всушност лежи на рамна површина. Ван дер Мерве соработуваше со тајванскиот уметник Чоу Шенг-Хсиен за да ја создаде оваа  скулптура - оптичка илузија за уметничкиот проект „Нанхуи“ во Тајван, во рамки на кој 14 уметнички дела да се инсталираана јавни простори  низ округот Таитунг.

Инсталацијата е изградена од челични квадратни цевки кои тежат околу 240 килограми, „Скалила до рајот“ е моделирана според проектот на Ван дер Мерве од 2016 година, „Скулптури на карпата“.

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото