Протест „Стоп за сообраќајното насилство!“

29.01.2022 16:56
Протест „Стоп за сообраќајното насилство!“

На 30 јануари, недела, од 12 до 13 часот ќе се одржи протестот „Стоп за сообраќајното насилство“ на раскрсницата на булeварот „Партизанска“ кај „Сити Мол“.

Во најавата за протестот стои дека протестот се одржува во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот кои се придржуваат до правилата. Според организаторот Леонид Димeв, целта е да се стави крај на бeзобзирното возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот.

Протестот следи по трагичната смрт на Викторија Николова која го изгуби животот во сообраќајна несреќа на 20 јануари годинава, на истата раскрсница.

„Ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи“, стои во најавата.