Зошто го поместуваме часовникот?

26.03.2022 16:20
Зошто го поместуваме часовникот?

Зошто го поместуваме часовникот? И покрај долгогодишната дискусија за тоа, во последниот викенд од март, часовниците повторно ќе се поместат напред. Главната причина за задржување на летното сметање на времето не е променета. Мотивот за негово воведување во текот на претходниот век е многу едноставен – за да живееме помалку во темнина, а повеќе на светлина.

Еве неколку аргументи во прилог на тоа: кога не би се префрлиле на летното сметање на времето во последниот викенд во март, децата кои се раѓаат во пролет и лето, а на кои сонцето им е важно, како и на сите бебиња, развој поради витаминот Д, би имале еден час помалку дневна светлина; топлите јунски вечери, кога денот е најдолг, би завршувале пред почетокот на вечерниот Дневник; учениците кои одат во втората учлишна смена би се враќале дома во мрак практично цела година, од октомври до крајот на мај; во најтоплите денови на почетокот на јули, сонцето би изгревало пред 4 часот наутро, а додека да станеме, околу 7 часот, температурата на воздухот веќе би била високо над 30 степени. Овие ефекти се особено изразени во земјите во јужна Европа и на рабовите на временските зони.

Аргументите против летното сметање на времето, пак, најмногу се врзани на непријатностите што луѓето ги пријавуваат по викендот во кој се поместува часовникот. Иако не постојат рецензирани научни студии за специфичната штета што движењето на часовникот ја предизвикува врз здравјето, сомнежите за тоа, како и бројните сведоштва на поединци за непријатностите поради промените на дневниоте ритам, ја направија оваа практика крајно непопуларна низ Европа и кај нас.

Дебатата за сметањето на времето, меѓутоа, трае веќе неколку години, а го достигна врвот во годините пред пандемијата на коронавирусот, за потоа да се остави настрана. Се' започна кога Руската Федерација се откажа од поместување на часовникот, откако неколку студии покажувале дека во таа земја ги нема очекуваните заштеди на енергија, а дека населението доживува стрес за време на викендот кога се поместува часовникот. Охрабрени од овој пример, и други земји на северот на континентот, каде ефектите на летното сметање на времето се помали поради географската локација, почнаа да ја доведуваат во преиспитуваатње неговата оправданост.

Во меѓувреме, Европскиот парламент, по иницијатива на група конзервативни пратеници препорача поместувањето на времето да се преиспита на ниво на целата Европска унија. Дискусијата што ја придружува оваа вест често зборува за медицинските истражувања и за негативното влијание на поместувањето на времето, но такво истражување никогаш досега не било спроведено на европско ниво, особено не на нејзиниот југ, каде ситуацијата е сосем поинаква отколку на северот. Анкетата меѓу европските граѓани, сепак, покажала дека луѓето не сакаат поместување на времето.

Бидејќи Балканот е на далечниот источен раб на централноевропската временска зона и темнината паѓа порано отколку на Запад, а навиките и ритамот на населението се слични на остатокот од Европа, укинувањето на летното сметање на времето особено би не’ погоило и значајно би го намалило периодот во кој луѓето можат да уживаат придобивките од дневната светлина.

Воведувањето на промената на времето се заснова на астрономската околност дека во декември сонцето изгрева предоцна а во лето прерано, така што поради животниот ритам луѓето „губат“ речиси два часа дневна светлина.

Идејата да се надополни тоа време со едноставно поместување на часовникот за прв пат ја замислил Џорџ Вернон Хадсон (1867–1946), ентомолог од Нов Зеланд, кој во 1895 година, во презентацијата пред Кралското друштво во Велингтон, предложил летна поместување на времето од два часа. Меѓутоа, идејата веројатно би била заборавена доколку на истиот предлог, независен од Хадсон, десет години подоцна не се досетил британскиот претприемач и градител Вилијам Вилет (1856-1915).

За време на едно раноутринското возење во околината на Лондон, Вилет во летото 1905 година забележал дека сонцето веќе одамна било изгреано, а голем број луѓе сè уште спиеле. Знаејќи дека времето на изгрејсонцето се менува во текот на годината и дека во летните месеци денот започнува порано, Вилет започнал голема кампања за воведување на летно сметање на времето.

Немилосрдно лобирајќи до Првата светска војна, Вилет придобил некои либерални пратеници во англискиот парламент, а за неговата идеја се заинтересирал и идниот англиски премиер Винстон Черчил. Меѓутоа, откако починал во епидемијата на грип, Вилет не дочекал летното сметање на времето да се легализира и усвои во повеќето земји.

Поврзано: Ѓаволско време

 

ОкоБоли главаВицФото