Мирисот на дождот

02.05.2022 01:19
Мирисот на дождот

Специфичниот мирис кој доаѓа од земјата откако ќе се натопи со дождовница е нарече петрикор. Тоа име во шеесеттите години од 20 век го сковаа двајца австралиски истражувачи кои терминот го користеа во статија објавена во списанието „Nature“. Грчкото „петра“ значи камен, додека „икор“ се однесува на збор од митологијата - течност која тече во вените на грчките богови.

Имено, се покажало дека за овој специфичен мирис се одговорни бактериите кои живеат во земјата. Потоа, Изабел Беар и Ричард Томас исто така во статија за списанието „Nature“ појаснија дека мирисот доаѓа од растителните масла кои ги апсорбирале земјата и камењата. Кога дождот ќе ја натопи земјата и ова масло ќе дојде во контакт со водата, се ослободува продукт од бактериите наречен геозмин.

Геозминот (од грчки, „мирис на земјата“) е она што го носи овој специфичен мирис, а одговорен е и за познатиот „земјест“ вкус на цвеклото.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://naukakrozprice.rs/

ОкоБоли главаВицФото