Мирисот на дожд

29.09.2018 01:21
Мирисот на дожд

Дали знаете зошто земјата после дожд го има оној познат, карактеристичен мирис?

Специфичниот мирис што го шири земјата откако ќе се натопи со дожд е наречен петрикор. Името го добил во шеесеттите години на 20 век од страна на двајца австралиски истражувачи кои го користеле терминот во статија објавена во списанието „Nature“. Грчкиот збор „петра“ значи камен, додека „икор“ се однесува на збор од митологијата – течност која тече низ вените на грчките богови.

Имено, се покажало дека за тој специфичен мирис се одговорни бактериите кои живеат во земјата. Изабел Беар и Ричард Томас тогаш во статија за „Nature“ појасниле дека мирисот доаѓа од растителното масло кое го апсорбирале камењата и земјата. Кога дождот ќе ја намокри земјата и ова масло ќе дојде во контакт со вода, се ослободува продукт од бактериите наречен геозмин.

Геозминот (од грчки – „мирис на земја“) е она што го носи специфичниот мирис, а е одговорен и за познатиот „земјен“ вкус на цвеклото.

Извор: http://naukakrozprice.rs

ОкоБоли главаВицФото