Копачење

08.08.2022 11:40

Денеска ja корнев ружата јазачица. Ја разгрнував со дурија земјата околу неа, удирав со казма по коренот што пуштил жили на сите страни длабоко в земи. Бев сиот задишан, испотен. На крајот успеав да го отчешнам коренот од неговото лежиште. Но во земјата сепак останаа многу жили и жилички што ги искинав со силно мавање.

Ќе ме проколнуваат тие жили напролет. Зашто во нив уште има живот, a им недостасува воздух. Ќе тагуваат тие по лисјето, дури не истлеат сосем. На таков начин ја искорнав јас и љубовта од сувата почва на своето срце.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото