Интерславик: Јазикот кој доколку сте Словен, веднаш ќе го разберете

16.09.2022 11:18
Интерславик: Јазикот кој доколку сте Словен, веднаш ќе го разберете

Возови-vlakovi, kava-kafa-кафе... И додека на овие простори се трудиме да ги најдеме, а потоа максимално да ги истакнеме разликите меѓу нашиот јазик и јазикот што го зборуваат нашите соседи, современиот свет, наместо на разликите, се концентрираше на пронаоѓање сличности во јазиците на Словените. Од оваа практична идеја се роди новокомпониран јазик кој ги урна јазичните бариери.

Авторите го нарекоа Интерславик или меѓусловенски јазик, а благодарение на тоа што вешто се движеа по слаломот, заобиколувајќи ги разликите, го измислија јазикот од зборови кои се најзастапени во сите словенски јазици. Оттаму, новиот јазик го разбираат стотици милиони луѓе од словенските земји.

Меѓусловенскиот е, едноставно кажано, помошен јазик наменет за комуникација меѓу луѓето кои користат некои од словенските јазици. Сегашната форма на овој нов јазик беше создадена во 2017 година, кога беа споени два постоечки проекти: неословенскиот и словенскиот, а целта беше да се создаде универзален словенски јазик што ќе можат да го разберат сите Словени, без претходно учење и, по кратко време да почнат со негово активно користење.

Чешкиот професор по компјутерски науки, Војтех Мерунка кој е еден од авторите на новиот јазик, објаснува дека Меѓусловенскиот се заснова на едно единствено основно правило – наоѓање на најголемиот заеднички именител од сите словенски јазици во граматиката, говорниот јазик, синтаксата и вокабуларот. Мерунка нагласува дека овој јазик не е само извртена верзија на руски, словенски или кој било друг словенски јазик.

Новиот јазик набрзо го имаше своето филмско деби во чешката драма „Obojena ptica“ („Обоена птица“), снимена оваа година врз основа на истоимениот познатиот роман на Јержи Косински. Иако и пред овој јазик веќе постоеја голем број јазици создадени за потребите на филмовите, како што се клингонски, дотраки, елвишки, вестипик, за разлика од интерсловенскиот, повеќето од нив не се употребливи во секојдневниот живот.

Авторите на Интерславик, кој моментално има само 2.000 следбеници на Фејсбук, тврдат дека секој кој припаѓа на словенското говорно подрачје може да има корист од овој нов јазик, кој исто така може да ја олесни комуникацијата за туристите, деловните луѓе и имигрантите, бидејќи милиони луѓе можат да го користат без претходно учење, можат веднаш да се разберат.

Извор: Lupiga