За еден од начините на објаснување на феноменот „дежа ву“

18.10.2022 10:30
За еден од начините на објаснување на феноменот „дежа ву“

Дали некогаш сте го имале тоа чудно чувство дека сте ја доживеале истата ситуација претходно, иако тоа е невозможно? Понекогаш, дури може да изгледа како да преживувате нешто што веќе се случило. Овој феномен, познат како “дежа ву“, долго време ги збунува филозофите, невролозите и писателите.

Почнувајќи од доцните 1800-ти, почнаа да се појавуваат многу теории за тоа што може да предизвика “дежа ву”, што на француски значи „веќе видено“. Луѓето мислеа дека можеби оваа појава произлегува од ментална дисфункција, можеби е вид на мозочен проблем или привремен колапс во инаку нормалното функционирање на човечката меморија. Сепак, оваа појава не беше предмет на науката до неодамна.

Премин од паранормално кон научно

На почетокот на овој милениум, научникот по име Алан Браун одлучил да направи преглед на сè што имале напишано истражувачите дотогаш за “дежа ву”. Голем дел од она што можел да го најде било во насока на паранормалното, поврзано со натприродното. Читал за работи од типот на минати животи или психички способности. Но, тој дошол и до и студии кои ги испитувале обичните луѓе во врска со нивните искуства со “дежа ву”. Од сите овие трудови, Браун можел да собере некои основни наоди за феноменот.

Браун утврдил дека приближно две третини од луѓето доживуваат “дежа ву” во одреден момент од нивниот живот. Понатаму, тој утврдил дека најчестиот предизвикувач на “дежа ву” е сцена или место, а следниот најчест предизвикувач е разговор. Тој, исто така, информира за извесни алудирања кои постојат еден век или повеќе во медицинска литература, за можна поврзаност помеѓу “дежа ву” и некои видови на мозочни удари.

Освртот на Браин ја донесе темата на „дежа ву“ во доменот на постандардната наука, бидејќи се појави во научно списание кое научниците кои ги проучуваат сознавањето и когнитивните вештини, имаат тенденција да го читаат, како и во книга наменета за научници. Неговата работа послужи како катализатор, за научниците да почнат да прават нацрти за експерименти зпреку кои ќе се истражува „дежа ву“.

Тестирање на дежа ву во психолошка лабораторија

Поттикнат од работата на Браун, мојот сопствен истражувачки тим почна да спроведува експерименти насочени кон тестирање на хипотези за можните механизми на функционирање на појавата. Истражувавме хипотеза стара речиси векови која сугерира дека “дежа ву” може да се случи кога има просторна сличност помеѓу тековната сцена и сцена koja “неповикано” се појавува во вашата меморија. Психолозите ова го нарекоа оваа “хипотеза за гешталт блискост”.

На пример, замислете дека поминувате покрај одделот за нега во болничка единица, на пат да посетите болен пријател. Иако никогаш порано не сте биле во оваа болница, ве воодушевува чувството што го имате. Основната причина за ова искуство на „дежа ву” може да биде тоа што распоредот на сцената која е пред вас, вклучувајќи го и поставувањето на мебелот и одредените предмети во просторот, имаат ист распоред како друга, различна сцена што сте ја доживеале во минатото.

Можеби местоположбата на одделот за нега – мебелот, предметите на шалтерот, начинот на кој се поврзани аглите на ходникот – е ист со начинот на кој беа наредени сетот маси, таблите за добредојде, и мебелот во ходникот на влезот на училиштето, на училишен настан на кој присуствувавте една година порано. Според гешталт хипотезата за блискост, доколку не ви дојде на ум претходната ситуација со сличен распоред на сегашната, вие може да останете само со тоа силно чувство на блискост за сегашната.

За да ја истражи оваа идеја во лабораторија, мојот тим за да ги смести луѓето во сцени користеше виртуелна реалност. На тој начин лесно би можеле да манипулираме со средините во кои се нашле луѓето - некои сцени го делеа истиот просторен распоред, но во суштина беа различни. Како што беше I предвидено, “дежа ву” беше поверојатно да се случи кога луѓето беа во сцена која го содржи истиот просторен распоред на елементи како претходната сцена што ја гледале, но не се сеќаваат на тоа.

Ова истражување сугерира дека фактор што придонесува за “дежа ву” може да биде просторната сличност на една нова сцена, со сцена која ја имаме во меморијата, но на која не можеме да се сетиме свесно во моментот. Сепак, тоа не значи дека просторната сличност е единствената причина за “дежа ву”. Многу веројатно, повеќе фактори може да придонесат за тоа одредена сцена или ситуација да ни изгледаат познатo. Во тек се повеќе истражувања за да се утврдат тие дополнителни можни фактори кои имаат улога во настанувањето на овој мистериозен феномен.

Превод: Марина Туфекчиевска
Извор:
BigThink

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото