Две години се акаме по судови поради хировите на Апасиев!

10.11.2022 11:13
Две години се акаме по судови поради хировите на Апасиев!

Две цели години се бавиме и акаме по судови, како новинари, поради хировите на Апасиев и неговото сфаќање на правото и на слободата на говорот!

Ова е срамна одлука на Апелацискиот суд, кој застанува на страната на Апасиев, оти како новинари сме го прашале како партијата ќе ги троши буџетските пари и пазете - сме го барале на приватниот телефон!

Се надевам дека оваа тројка апелициски судии се свесни дека не постои „личен запис“ кога станува збор за формална комуникација меѓу новинар и пратеник/лидер на политичка партија, на тема јавни пари.

Приватен број имал? Па портпаролите во судовите ви имаат приватни броеви, што значи тоа, дека ако ни одговорат на прашање, тоа е приватен разговор? Нема приватно кога се работи за јавен интерес! Не го прашувам дали годинава направил ајвар, го прашувам на што ги троши буџетските пари!

А овие тројца судии, Татјана Дуковска, Тања Милева и Јусуф Ајрулахи се ставија на страната на приватниот интерес на Апасив, пратеник и лидер на партија.

Подобро прашајте се колку пари од буџетот дава Левица за тужби и за адвокати, наместо за општествени цели. Тоа е клучното прашање, кое патем и му го поставивме на Апасиев, но никогаш не одговори.

Слики: Arghavan Khosravi
Извор за текстот: Фејсбук

ОкоБоли главаВицФото