Скетјбординг во Палестина: фотографијата како форма на отпор

24.04.23 14:57

Маен Хамад е фотограф роден во Палестина, кој пораснал во американските предградија на Мичиген, а сега живее во Вашингтон. Кога се вратил назад во Палестина во 2014 година со себе го земал својот скејтборд.
Во шесте години додека престојувал во Палестина ја документирал палестинската скејт сцена и изградил взаемна врска со заедницата која ја затекнал таму.
Неговиот серијал фотографии и фотокнигата „Приземјување“ која е во фаза на подготовка го доловува бегството што им го нуди скејтбордот на неколкумина палестински скејтери, а ни самиот Хамад не е исклучок:
„Ова целисходно бегство е радикална форма на отпор кон мисловниот простор на насилството, сместен во слоевите на израелската доминација во Палестина. Скејтбордингот не́ води во паралелен свет, каде што можеме да бидеме активни учесници во нашата околина. Ова учество е интерпретативен танц со постоечката средина; алатка која составува една заедница; и најважно, фокусирање на фантазијата. Овој проект служи како потсетник за ова катче на слободата додека сите се обидуваме да го пронајдеме нашето приземјување.“

Слични содржини

Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Свет / Око
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Европа / Свет / Историја

ОкоБоли главаВицФото