Лицата на туѓинците со кои секојдневно се разминуваме во сликите на Џиџи Роус Греј

28.04.23 17:23

Џиџи Роус Греј потекнува од Њу Јорк а живее во Лос Анџелес. Преку своите дела ја истражува нејзината трајна фасцинација со толпите луѓе.

Под влијание на нејзиното воспитување и растење во центарот на Менхетен, Греј ги усовршува минливите моменти меѓу минувачите доловувајќи ја не само нивната привремена близина, туку и илузијата на поврзаност својствена за таквите чудно - интимни интеракции:

„Доколку би одвоиле момент да ги погледнеме лицата со кои секојдневно се разминуваме, на туѓинците кои се во толку непосредна близина би препознале елемент на воајеризам. Оваа серија се обидува да се фокусира токму на тој момент, преку личното и речиси непријатно прикажување на изразите и гестовите на ликовите: секој од нив го открива својот емотивен, но и изолиран свет.“

ОкоБоли главаВицФото