Лорен дела Рош е американска уметница инспирирана од грчката митологија

17.05.23 13:03

Самоуката Лорен дела Рош живее во Сент Луис, Мисури, и започнала да се занимава со уметност и со развивање на својот талент после поттикот од нејзините пријатели, кои исто така биле уметници.

Своето прво дело го изложила во Модерн Тајмс кафулето во Минеаполис 2012 година. Денес нејзините дела се во колекциите на „Музејот за уметност на Северна Дакота“ и „Институтот за уметност“ во Минеаполис, како и во бројни приватни колекции.

„Моите фигури живеат во околина која наликува на сновидение, а ги создавам користејќи произволно избрани бои и со задавање жестоки гестови со четката за боја. Моите визуелни влијанија доаѓаат од класичната грчка митологија, од рачно изработени везови, ткаенини, домашни ентериери, музиката и мојот живописен свет на соништата. Јас создавам слики кои истовремено истражуваат рамнотежа и нелагодност: женски актови се впуштаат во ритуалистички чинови, мачки и кучиња живеат хармонично, а дивите животни фигурираат внатре во домовите и изгледаат кротки. Сите суштества имаат исти шарки, точки и гестови, но и покрај тоа што тие се во нивниот домашен контекст, злокобноста секогаш е присутна закана.“

Погледнете ја галеријата со нејзините дела: 

Повеќе од Лорен дела Рош на нејзиниот вебсајт, и на нејзиниот Инстаграм. 

ОкоБоли главаВицФото