Делта 7 е пост-панк бенд со членови со попреченост

18.05.2023 18:15
Делта 7 е пост-панк бенд со членови со попреченост

Документарецот „Се издигнуваме“ кој ја следи приказната на бендот Делта 7, чии членови имаат ментални инвалидитети е виден од милионска публика откако му е доделена престижна филмска награда.

Делта 7 е рок бенд кој неодамна го објави својот деби сингл, The Jungle. Тие како и сите останати рокери - сакаат да бидат гласни.
Самите ги пишуваат сопствените песни кои често содржат политички пораки. Нивната заразна хипнотичка музика е инспирирана од пост-панк бендот The Fall.

Членовите на бендот се на возраст од 19 до 51 години, имаат различни таленти и способности, но сите подеднакво уживаат во музичкото творештво и настапите во живо.

Музиката е начин да застанеш зад она во кое веруваш“- вели Спиди (22), вокалист, гитарист и тапанар. - „Сето тоа може да го собере во една песна.“

Кога документарецот - кој го следи бендот на нивната кратка турнеја - ја доби престижната филмска награда, нивниот талент имаше можност да го посведочи милионска публика.

Главниот вокал Хари (26) вели дека членувањето во бендот е неверојатно чувство кое го прави среќен. - „Кога Роби Вилијамс пее ’Let Me Entertain You’ тој е како мене!“
Дејвид (51) објаснува: - „Не постојат зборовите „не можам“. Тој ментален склоп може само да те заглави и не води никаде. Бидејќи сум во бенд, станувам се́ подобар на клавијатурите.“

Спиди додава: - „Тешко е да се изразиш кога не знаеш што луѓето навистина мислат за тебе. Но паметен начин да го направиш тоа е преку музиката , затоа што на тој начин можеби луѓето полесно ќе ја примат пораката која се обидуваш да ја искомуницираш.“

За темите кои ги засегаат лицата со инвалидитети вокалот Мајки вели: - „Постојано ни ги намалуваат средствата. Најлошо е што не можеш да предвидиш што те чека зад аголот. Се́ е лабилно. И стресно.“

 Бендот понекогаш изведува и политички песни кои ги критикуваат кратењата на фондовите за лицата со инвалидитет, но има и хумористични песни.

-„Го сакам Елтон Џон“ - вели Хари -„ Ја има напишано Circle of Life, една од моите омилени песни.“

Делта 7 напиша песна и за него : „Elton John, Where Have You Gone?“ (Елтон Џон каде те снема?). -„ Кога ја изведуваме сите носиме големи очила.Горди сме на својата оригиналност. Нашата музика е поинаква “- кажува Мајки. - „Нова е. Нема многу бендови што се слични на нас. Нашата музика е и забавна.

Бендот е оформен пред пет години кога локалниот уметнички проект Culture Shift организирал музички курс за лица во ризична група која е подложна да биде социјално изолирана.

Курсот заврши после пет недели но сите сакаа да останат во бендот“ - вели Џулија Робертс, директорката на Culture Shift.

И покрај тоа што средствата беа намалени Делта 7 продолжи да напредува - со поддршка на заедницата и индивидуални донации. Тие не сакаат сожалување, само сакаат да ги слушнете .

Документарецот за бендот е замисла на Рози Болдвин која вели: - „Овој филм е нешто што го работев со голема страст и неверојатно е што добив можност да го реализирам. Прикажан е низ целата земја што ни́ дава моќна платформа не само мене туку и на бендот кој заслужува можност да покаже колку е сјаен.“
Самото снимање на филмот на бендот му пружи неверојатно искуство - „Беше прекрасно кога патувавме во Лондон на премиерата “- вели Мајки.
-„Нема ништо подобро од пеење во бенд. Фантастично е што сум овде со пријателите“ - вели Хари. - „
Си помагаме еден на друг.“

Џулија Робертс инсистира дека Делта 7 е отелотворување на отпорноста на една зедница и нејзиниот оптимизам. - Бендот е одговор на потребата за поголема видливост на маргинализираните лица.

извор: portaloinvalidnosti.net

 

ОкоБоли главаВицФото