Промоција на прирачник, видео и постер: 10 совети за учтиво однесување со деца со попреченост

19.06.2023 13:57
10 совети за учтиво однесување со деца со попреченост

На 17 јуни во Кинотека се одржа промоцијата на новиот проект на ПРКОС, „10 совети за учтиво однесување со деца со попреченост“. Продолжувајќи да шириме култура кон различностите, овојпат подготвивме триформатен пакет со светски стандардизирани етикеции за убаво однесување со децата со попреченост. Тој се состои од 10-минутно видео, во кое преку нарациите на Бистра Поповска, Ева Смилевска и Јане Велковски, надополнети со илустрациите на Ивана Маркоска Докоска, гледачот на духовит и сликовит начин се советува како треба да се однесува во обични ситуации.

Во брошурата и постерот, десетте практични совети ги систематизиравме концизно за да ви помогнат и за да ве охрабрат како да се запознаете со различните луѓе на каква било возраст и полесно да комуницирате со поинаквите од вас. Откако ќе ги прочитате, веројатно сите ќе се согласиме дека ако ги применуваме, атмосферата ќе биде позитивна и пријатна. Линк до брошурата.

Видео продукцијата и анимацијата, како и дизајнот на публикацијата е на студиото Кома.

Промотори на проектот беа Маја Цветаноска и Ристо Чулев. Маја е психолог со долга пракса во ран детски развој, социјална инклузија и психо-социјална поддршка на деца од ранливи групи. Ристо е веќе 20 години професор по филозофија, етика и урбана култура во Георги Димитров, омилен меѓу учениците ради својот уникатен метод на образување.


Во продолжение пренесуваме и дел од фотографиите на Небојша Гелевски Бане.


 

Слични содржини

Општество / Активизам
Активизам / Свет / Музика
Општество / Живот / Култура
Општество / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото