Легендарни модели на очила за сонце во филмската историја

07.08.2023 13:55
Легендарни модели на очила за сонце во филмската историја

Пред ерупцијата на социјалните мрежи и нивните неизбежни кратки трендови, за инспирација се свртуваме кон филмското платно. Очилата за сонце се составен дел од градењето на ликови уште од златната ера на Холивуд, а понекогаш, идеалниот пар очила за сонце знаат да го украдат голем дел од вниманието и да го зацврстат бесмртното место на главниот лик во филмската историја.

Додека неизбежната потрага по совршениот пар очила за сонце продолжува, бараме водство кај сирените на сребрениот екран. Од безвременските силуети на рамки со желка дезен на Џин Тирни во „Leave Her to Heaven" до D-рамките на Тилда Свинтон во „Only Lovers Left Alive", очилата за сонце се вечни како дијамантите.

Во продолжение претставени се десетте највпечатливи филмски моменти со очила за сонце во историјата на филмот, интерпретирани од италијанскиот моден гигант Де Риго: „ Полис”, „Фурла”, „Јалеа”, „Филип Плејн” и „Фила”.

Џин Тирни во филмот „Leave Her to Heaven” (1945)

Во озлогласената филмска сцена со чамец, Џин Тирни претставува ултимативна femme fatale со очила за сонце со тенки обрабени рамки во комбинација со тоалета и црвен кармин, изгледајќи беспрекорно додека изведува едно од најзлобните дела во филмската историја. Кој би помислил дека суровата женска доминација може да изгледа толку добро?

Модел на очила: Фурла/ Де Риго

Очила за сонце со квадратен облик и современ дизајн. Фацетираниот преден дел го засилува тродимензионалниот ефект на оваа рамка. Изгравираното лого Arch е видливо на предната страна на опцијата проѕирен ацетат.

Анук Еме во филмот „La Dolce Vita” (1960)

Ликот на Анук Еме во „Сладок живот” на Федерико Фелини, ја отелотворува суштината на италијанската софистицираност. Таа шета по улиците и баровите на Рим носејќи ги елегантните црни мачкасти очила за сонце со самодоверба и голема доза на морална изопаченост.

Модел на очила: Yalea/ De Rigo

Очила за сонце во форма на мачкини очи. Структурата на овој модел е збогатена со ацетатни влошки на врвовите на крилцата.

Одри Хепберн во филмот Breakfast at Tiffany’s (1961)

Филмот „Појадок кај Тифани”го означи нејзиниот подем до автентична модна икона на екранот, но и надвор од него. Нејзинито највпечатлив пар очила за сонце се оние во мачкаст облик, боја на желка и темнозелени леќи од Оливер Голдсмит, кои Хепберн ги носеше во текот на филмот, намерно прикривајќи ја вистинската природа на ликот додека се искачува на социјалната скала на Менхетен.

Модел на очила: Police/ De Rigo

Хипер-женствен стил на очила за сонце со предимензионирана мачкаста силуета. Имаат храбар дизајн со мотив на заковувач во форма на триаголник. Моделот е достапен во ексклузивна ацетатна варијанта со геометриски мотиви и вградени блескави детали.

Биби Андерсон во филмот „Persona“ (1966)

Портретот на медицинската сестра Алме Биби Андерсон и нејзиниот модерен стил во „Персона” на Ингмар Бергман, навистина заслужуваат почит. Нејзините црни ацетатни очила за сонце во комбинација со пикси крој, претставуваат еден од највпечатливите аутфити на сите времиња.

Модел на очила: Police/ De Rigo

Ретро очила за сонце во мачкаст стил изработени од ацетат со карактеристични фасцетирани рабови. Впечатливо метално јадро со мали изгравирани заковувачи во форма на триаголници. Моделот е достапен со транспарентен и постепен ацетат.

Џејн Биркин во филмот „La Piscine” (1969)

Култниот психолошки трилер „Базен” од 1969 година, чии сцени се капат во сонце, ја прикажува својата crème de la crème актерска постава, во гардеробата која ја дизајнирал пионерот на футуристичкиот дизајн, Андре Куреж и која го отсликува гламурот на Азурното крајбрежје. Очилата за сонце на Џејн Биркин со сини стакла и рамки со дезен на желка, не му дадоа посебен шарм само на филмот, туку и на деценијата што доаѓа по него.

 

Модел на очила: Furla / De Rigo

Метални очила за сонце со префинет стил. Заоблениот преден дел е укрсен со елегантен монограмски мотив со логото Furla Arch, засилен со емајл во неколку бои.

Мишел Фајфер во филмот „Scarface” (1983)

Ликот кој Мишел Фајфер го глуми во филмот „Лузна”, Елвира Хенкок, го има еден од најпосакуваните филмски аутфити на сите времиња. Нејзините предимензионирани, светло розеви мачкасти очила за сонце совршено се комбинирани со нејзиното бело сако и капа, правејќи ја да изгледа елегантно и изненадувачки ненаметливо.

Модел на очила: Yalea/De Rigo

Нежно пудрести очила за сонце со мачкаст облик. Транспарентната структура на овој модел е збогатена со ацетатни уметоци на врвовите на крилцата.

Мадона во филмот „Desperately Seeking Susan“ (1985)

Насловниот лик со многу модни додатоци околу вратот во филмот „Очајна потрага по Сузан“ е инзвореден, бидејќи овде таа има стил и раскош. Препознатливите црни очила за сонце со остри рабови во форма на буквата D совршено ја доловуваат личноста на нејзиниот лик: таа е бунтовна и безгрижна.

Модел на очила: Fila/ De Rigo

Очила за сонце со храбро и современо чувство за стил, со остра ацетатна структура која се карактеризира со смела дебелина на крилата.

Сузан Сарандон во филмот „Thelma and Louise” (1991)

Малку женски ликови ја отелотвориле слободоумноста на начинот на кој што тоа го прават портретите на Сузан Сарандон и Џина Дејвис во „Телма и Луиз”. Додека ликот на Сарандон оди во бегство и тргнува на пат со својата најдобра пријателка, таа носи пар класични мачкасти очила за сонце. Соодветен избор за жена која е подготвена да се прегрне себеси и да тргне на едно авантуристично и самооткривачко патување.

Модел на очила: Yalea/ De Rigo

Елегантен модел на тркалезни очила за сонце. Крилцата се декорирани со метална плоча обложена со обоен емајл. Предниот дел е изработен од ацетат во карактеристична комбинација.

Кери-Ен Мос во филмот „The Matrix” (1999)

Никој никогаш не се залагал за тесни темни очила за сонце и црна кожа како Кери-Ен Мос во оригиналната сајберпанк трилогија на Лери Вачовски. Оригиналните очила за сонце „Матрикс” беа уникатни стилови кои дизајнерот Ричард Вокер од Blinde Opticsa ги изработи специјално за ликовите. Сепак, франшизата остави толку трајно наследство на поп културата што истиот стил инспириран од „Матрикс” може да се најде во портфолиото на речиси секој голем бренд.

Модел на очила: Philipp Plein/ De Rigo

Стилизирани смели очила за сонце направени од ексклузивен ацетат – еден од иконичните елементи на брендот – во три опции на бои. Геометриски преден дел со фасетирање и предимензионирани крилца со златни метални завршетоци. Моделот е достапен во диоптриска опција.

Тилда Свинтон во филмот „Only Lovers Left Alive” (2014)

Вампирите и очилата за сонце се комбинација која никој не ја илустрира подобро од ликот на Тилда Свинтон во филмот „Само љубовниците преживуваат”. Ева, со векови вампирка, носи пар очила за сонце со D-рамки со дезен на желка кои се безвременски токму како и таа, заштитувајќи ја од острата светлина и светот на 21 век.

Модел на очила: Police / De Rigo

Очила за сонце со модерен геометриски преден дел од ацетатот. Крилца во ретро стил од 90-тите. Овој стил е достапен со ексклузивен винтиџ пругаст хавана ацетат или сини огледални леќи.

Извор: https://she.hr

ОкоБоли главаВицФото