Друга приказна #8: прв ден (фотографии)

03.09.23 14:03

Пренесуваме фотографии од првиот ден на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалската програма се отвори во петок (1 септември) со промоција на македонското издание на книгата „Мост над бурната река“ на хрватскиот писател и стрип автор Далибор Талајиќ, со кој разговораше здравствениот работник и активист, Денис Јанкуловски.

Главниот дел од вечерта беше посветен на поетот Синиша Туциќ од Нови Сад, добитникот на овогодишната награда „Друга приказна“. Проследивме проекција на експерименталниот документарен филм „Расфрлани пасворди” во режија на Нарцис Алиспахиќ кој го илустрира поетскиот свет на Туциќ. По проекцијата можеше да се проследи разговорот помеѓу добитникот на наградата и уредникот на фестивалот Никола Гелевски.

Вечерта беше затворена со концерт на бендот „Звук Караџиќ“.

Фотографиите се на Наташа Гелева.

Програмата на фестивалот „Друга приказна“#8 погледнете ја овде.

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Настан
Книжевност / Психологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото