„Друга приказна“#7: трет ден (фотографии)

30.08.22 14:07

Третиот, последен ден на фестивалот „Друга приказна“ делумно ѝ беше посветен на детската книжевност. Во МКЦ во Скопје најпрвин беа одржани две работилници за деца кои ги водеа гостинката од Словенија, Барбара Прегељ, заедно со Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски. Работилницата на Прегељ се викаше „Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра“, а работилницата на Тонкин и Нешовски се викаше „Сетилна имагинативна лабораторија - цртање и моделирање ликови преку звук, мирис, допир, слика и збор“.

Потоа беа одржани разговори со Јана Бауер, словенечка писателка за деца која ја доби главната награда на фестивалот во 2020 година; и со Барбара Прегељ. Во разговорот со Бауер помагаше и преведувачот од словенечки Дарко Спасов. Разговорите ги водеа Никола Гелевски и Фросина Крушкаровска, која разговараше и со „најдобрата средношколска професорка по книжевност“ во Хрватска, Хелена де Карина, од Ријека.

Фестивалот заврши со дебата на тема „Нова писменост“, што беше главна тема на целиот фестивал и ги проникнуваше сите содржини. Во тој последен разговор учествуваа Урош Крчадинац, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ и Никола Гелевски.

Во продолжение пренесуваме триесетина фотографии од Наташа Гелева, од третиот ден на седмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“.

Скулптурата-чајник на фотографиите најгоре и најдолу, која беше дел од сценографијата на настанот, е фестивалски подарок за Јана Бауер, авторката на книгата „Грозовилата во страшната шума“, во која симпатичната Грозовила лета со помош на чајник. Скулптурата од отпад ја направи Ненад Тонкин, чија изложба беше поставена на фестивалската сцена.

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан
Фотографија / Книжевност / Настан

ОкоБоли главаВицФото