1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 10:59
*Зоетроп е техника на анимација без филм која се прави со ротирачка низа од слики или предмети кои се фотографирани или прикажани со блиц светлина, за да се создаде илузија на движење.
За својот дипломски проект на Факултетот за уметност АНУ во Австралија, дигиталниот уметник Елиот Шулц смислил свој метод: Везена зоетропа.
Инсталацијата на Шулц од 2013 година вклучува создавање на 10-инчни дискови извезени со секвенци од слики што се вклопуваат на стандардните грамофони. Секое парче е прикажано со стандардна блиц светлина што ефективно ја оживува анимацијата.
Прецизноста на машинскиот вез заедно со текстурата на конецот ги прави овие везени зоетропи навистина посебни за гледање. Авторот дава свој коментар за проектот:
„Инспириран од работата на Александар Алексејф и Клер Паркер, имав за цел индиректно да го водам мојот производствен процес низ ограничувањата што ги даваат алтернативните медиуми. Нивниот изум, екранот со пинови, беше искористен како единствен медиум во производството на шест кратки филмови и го обликуваше исходот од нивната работа.
Како одговор на тоа, дизајнирав и извезов анимирани секвенци на дискови, слични на распоредот на Phenakistokope, Zoopraxiscope и Stamfer Disc. Оваа пренамена на медиумите воведе строги параметри, имено просторни, тонски и временски и во голема мера ги прикажува сите фази од мојот процес”.
Погледнете го видеото погоре за да ги видите анимациите на Шулц во акција, а можете да видите и добро претставен проектен приказ на извезената зоетропа на Behance.
*Зоотроп или Зоетроп (потекнува од грчките зборови „зое“ - живот и „тропос“ – вртеж, што може да се преведе како тркало на животот) е еден од првите уреди што е направен за креирање подвижни слики.
Фотографија: Дилан Ковачевиќ
Извор:https://www.thisiscolossal.com/