Историски несоодветни декоративни везови

02.01.24 14:08

Ричард Саџа е американски текстилен уметник кој живее и твори во Њујорк. Неговата компанија „Historically Inaccurate Decorative Arts“ го разбранува светот на уметноста и модата додавајќи субверзивни елементи на традиционалната дејност, повторно испишувајќи го наративот на ткаенината со колоритни конци и комични слики.

Поради класичните француски модели кои му овозможуваат да постигне контраст, Саџа како основа во везот ја користи француската ткаенина toile de Jouy, на која е прикажан животот на буржоазијата низ танцот, ритуалните пикници, градинарството и пловењето, притоа доадавајќи и хумористична нота на своите везени мотиви врз нив.

Овој уметник ја користи ткаенината како да е боенка, везејќи врз неа со јарки бои, пасторални и често нежни сцени. Нормалноста и смиреноста на традиционалните везови на навистина смел начин е покриена со кловнови, необични ликови од театарски претстави, панк-рок дами со „чироки” фризури и врколаци, извезени со шарени нишки за да се создаде еден вид на модерен, „нео мрежест вез”.

Другата страна на ткаенината има малку сенишен изглед, кој Ричард исто така го искористил употребувајќи конец кој свети во мракот и додава дополнително необичен ефект на неговите чудни слики.

Извор: https://blog.fabrics-store.com

ОкоБоли главаВицФото