Везови инспирирани од природата

11.03.24 14:14

Мередит Вулно е визуелна уметница од крајбрежниот регион на Њукасл, Австралија. Најпозната по везовите инспирирани од природата, нејзините дела се чуваат во јавни, приватни и корпоративни колекции ширум светот.

Мередит дипломирала на факултетот за ликовни уметности (со почести од прва класа), на Универзитетот во Нов Јужен Велс. Таа е магистер по настава, титула стекната на Универзитетот во Сиднеј, а има и диплома за илустрација од областа на природната историја од Универзитетот во Њукасл. Авторка е на книгата „Prganic Embroidery“ објавена 2018 година во издание на Schiffer.

Мередит ги мапира рамките на различните капиларни системи кои се наоѓаат во природата, за да создаде дела што ја истражуваат рамнотежата, хармонијата и поврзаноста на животот на земјата.

Инспирирани од моделите, структурите и облиците пронајдени во растенијата, коралите, клетките и школките, нејзините везови истовремено ја претставуваат моќната убавина и елегантната кршливост на животот.

Делата ги истражуваат скулптурните можности на уникатната техника на цртање за која се користи домашна машина за шиење и обична ткаенина што се раствора во вода. Преку деликатен систем на ситни шевови Мередит создава комплексни композиции кои потоа внимателно се сместуваат во специјални рамки како зачувани примероци. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: https://www.createmagazine.com

ОкоБоли главаВицФото