Јапонски винтиџ дизајни на огнометни перформанси

04.01.24 13:24

Јапонскиот термин за огномет, ханаби (花火), е комбинација од зборот би (火) кој значи оган и хана кој значи цвет (火). Традиционалниот јапонски начин на презентирање и аранжирање на цвеќиња, нивните форми и бои, како и нивните мириси, има нешто заедничко со традиционалниот јапонски перформативен чин на презентирање огномет.

Производството на пиротехника нема толку долга историја, како што има аранжирањето на цвеќиња, ниту самите пиротехнички направи, кои што се првично произведени во Кина, немаат нешто суштински јапонско во нив. Но, каков што е случајот со автомобилите, стриповите, електрониката за широка потрошувачка и кит-катовите, секогаш кога Јапонија репрезентира странски пронајдок, проектот е подложен на радикално повторно осмислување, а честопати резултатите се навистина воодушевувачки.

Јапонските верзии на различни објекти честопати стануваат многу попожелни низ светот што најверојатно се должи на нивната необичност. Тоа сигурно се случи со јапонскиот огномет, гордо прикажан низ овие елегантни и живописни англиски каталози на Hirayama Fireworks и Yokoi Fireworks, објавени во раните 1900-ти од C.R. Brock and Company, компанија основана во 1698 година, воедно и најстариот концерн за огномет во Обединетото Кралство.

Овие каталози на Брокс се дигитализирани од Одборот за образование во Јокохама и се достапни онлајн на веб страницата на Јавната библиотека во Јокохама. Детално уредените јавни градини во Јокохама наведуваат на тоа дека овој град има особена почит кон цвеќето и практиката на аранжирање, па поради тамошната поврзаност на цвеќето и огнометите, која може да се види на овие слики, најверојатно во градот често се прикажуваат и огнометни перформанси.

Организирани во категории како што се „Вертикални тркала”, „Фантомски кругови” и „Колоритни цветни експлозивни школки”, каталозите ги прикажуваат увезените јапонски производи на едноставен начин, како различни обрасци на бои на црна или сина позадина. Но, едноставноста, која што е очигледна и можат да ја увидат и оние кои немаат големи познавања од јапонската уметност, поддржува неколку особено силни и трајни гранки на јапонската естетика.

Извор: https://www.openculture.com/

ОкоБоли главаВицФото