1008 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Пет, 13.09.2024 03:59
Во редакцијата на Окно пристигна мејл од млада уметница која се потпишува под псевдонимот „Две Црни Точки“. Содржината на мејлот ја пренесуваме во целост, а подолу можете да го видите нејзиниот перформанс на тема Скопје 2014.
„Моментално сум студент на Ликовна уметност, трета година. Ова видео е реакција и мој личен став за проектот Скопје 2014. Видеото е всушност документација од перформанс кој го направив минатата година. Сметам дека проектот Скопје 2014 е проблематичен од повеќе аспекти, но јас во ова дело се фокусирам на еден од нив, и тоа го правам користејќи компарација помеѓу социјалните проблеми во нашата држава и трошоците за проектот. Заклучокот е очигледен, социјалните проблеми (претставени во форма на кутии направени од потежок материјал отколку оние кутии кои ги симболизираат трошоците за проектот) се
‘потешки’, и со тоа е оневозможен оној неопходен баланс за едно здраво општество во кое, пред се, се задоволени основните потреби и права на граѓаните.“